Лил Вејн објави дека ја продава својата куќа во Мајами.
Ова е домот, во кој неодамна беше повикана полиција поради пукање, но се покажа дека тревогата била лажна.
На покривот од домот има парк за возење на скејтборд и голема тераса за одмор.
Се разбира, во дворот има базен, но и кеј за мала јахта, бидејќи се наоѓа на остров на брегот на Саут Бич.
Бараната цена е 18 милиони долари, што е за 55% повеќе од цената што самиот Лил Вејн ја плати во 2011 година за куќата – 11,6 млн. долари.
Областа на домот е 1393 квадратни метри.
Денеска во улога на агенти за недвижнини ве носиме на прошетка низ овој луксузен дом, што ќе го поседува некој следен милионер.