Куќата на Брус Вилис во Беверли Хилс

Оваа недела Брус Вилис најави продажба на својата куќа во Беверли Хилс.

Таа е со површина од 964 квадратни метри. Има 11 спални соби  и 11 бањи. Во центарот на домот има двор со фонтана. Прозорците се француски и во куќата влегува многу сончева светлина.

Вилис има тениско игралиште и базен за забава.

Тој го купи имотот во 2004 година за 9 милиони долари, но  направи неколку реновирања, па затоа сега продажната цена е  22 милиони долари .

- Реклама -