Куќата на Јулија во Верона

Можеби најпознатата љубовна приказна на сите времиња е Шекспировата трагедија за двајцата несреќни љубовници „Ромео и Јулија“. Токму затоа, градот во кој се одвива приказната, Верона, често се нарекува и град на љубовта.

julija

Иако приказната за Ромео и Јулија е фикција, многумина веруваат дека е базирана на повеќедецениската кавга помеѓу две познати фамилии кои живееле во Верона. Денес постои куќа во овој мал италијански град за која се тврди дека е куќата на фамилијата Капулети, т.е. куќата во која израснала Јулија. Сосема нормално, градбата привлекува илјадници туристи секојдневно и е едно од најзначајните обележја на градот. Пред куќата е поставена и статуа од Јулија.

Julia_in_Verona

При посетата на куќата на Јулија, туристите ги впишуваат своите и имињата на најблиските околу влезот, поради тоа што веруваат дека тоа ќе им донесе среќа. Исто така, веќе е традиционално да се оставаат љубовни писма под балконот на кој се родила прекрасната љубовна приказна, со надеж дека тоа ќе ги оствари љубовните копнежи.

DSCF0044

Илјадниците писма што се оставаат секојдневно, се чистат од вработените, за дворот секогаш да биде во беспрекорна состојба.
Бронзата на левата дојка од статуата на Јулија е доста излижана, поради верувањето дека допирот со рака на тоа место од телото им носи љубов и плодност на жените.

img_2797

Клубот на Јулија

Уште од 1930 година во Верона започнале да пристигнуваат писма адресирани до Јулија. Од 2010 година наваму, годишно пристигнуваат преку 5.000 писма. Три четвртини од писмата се напишани од жени, а најчести испраќачи се тинејџери од САД. Од 1980 година постои волонтерски клуб, Клубот на Јулија, финансиран од градот Верона, чии членови ги читаат и одговараат на писмата адресирани до љубовта на Ромео…

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -