Кукла што плаче како жена што стенка

lutka_plac[1]

Една мајка од Велс за Божиќ на својата ќеркичка ѝ купила кукла што плаче. Барем така мислела, сé додека не ја пробала. Се покажало дека куклата повеќе стенка, отколку што плаче.

„Ќерка ми има две години и таа кукла е сé што сакаше. Ја виде на телевизија и од тогаш постојано повторува ‘кукла плаче’“, вели 33-годишната Гејл Тарли, мајка на вкупно 6 деца. Ја купила куклата преку e-Bay и сакала да провери дали работи батеријата, но тогаш слушнала нешто што многу повеќе наликува на секси стенкање на – според неа – жена во пикот на страста. На крај решила да не ѝ ја даде куклата на ќерка си.

Производителот тврди дека играчката верно го имитира детскиот плач. Ама Гејл не е единствената со спротивно мислење. И нејзината пријателка ја купила истата кукла, а нејзиниот сопруг дури и ја вратил куклата заради звуците што ги испушта. Згора на тоа, на Amazon се жалат и други родители.

https://youtu.be/Hkmc1ubjfXk

Реално, „плачов“ апла е земен од јапонско порно. Некој бил мрзлив. А да, и ова: Жена што ужива во сексот не би требало да звучи вака.

- Реклама -