Уличната уметност е било која уметност која настанала на јавно место. Делата кои настануваат се различни, зависно од техниката.
Во однос на традициналната графитна уметност во која воглавно се употребува спреј, уличните уметници употребуваат многу други техники од кои дел се: налепници, шаблонски графити, мозаик, видео проекција, улична инсталација и други техники.
Од оваа причина уметноста е некогаш наречена пост – графити.
Улична уметност постои насекаде низ светот, а уметниците често патуваат по светот за да го рашират својот дизајн.