Кулеба: На Русија не може да ѝ се верува

Киев, 22 јули 2022 (МИА) – Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, по потпишувањето на Договорот за извоз на украинското жито, истакна дека на Русија не може да ѝ се верува.

„Имаме доверба во ОН како иницијатор на овој Договор и во институцијата и во нивниот генерален секретар, кој ја вложува својата репутација и способност да обезбеди функционирање на овој Договор и неговото почитување од страна на Русија, која прекрши голем број други договори“, истакна Кулеба.

За време на церемонијата на потпишување во Истанбул рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков не седеа на иста маса. Шојгу и Кубраков потпишаа два идентични документа со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, на барање на Украина, која одби да парафира каков било документ со Русија. На церемонијата присуствуваше и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

„Украина не ѝ верува на Русија. Мислам дека никој нема причина да ѝ верува на Русија“, наведе Кулеба.

- Реклама -