Кулеба: Украина во првиот бран ќе добие меѓу 120 и 140 западни тенкови

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека Киев наскоро, „во првиот бран“, ќе добие меѓу 120 и 140 западни тенкови од коалиција од 12 земји.

„Работиме во две насоки: сакаме да вклучиме нови земји во коалицијата која нè снабдува со тенкови, а во исто време бараме повеќе тенкови од земјите кои веќе ни помогнаа“, рече Кулеба на онлајн-конференција.

Киев овој месец обезбеди помош од Западот во форма на борбени тенкови што треба да му помогнат во планираната контраофанзива на југот и на истокот на земјата.

САД побараа од Киев да ги одложи таквите планови додека западната воена помош не пристигне во Украина.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина

МИА

- Реклама -