Кулеба до Западот: Дајте ни ги проклетите „Патриоти“

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги повика западните земји да и обезбедат на Украина противвоздушни одбранбени системи „Патриот“ бидејќи, како што наведе, тоа е оружјето што очајно му е потребно на Киев.

– Дајте ни ги проклетите „патриоти“. Ако имавме доволно системи за противвоздушна одбрана, или „патриоти“, би можеле да ги заштитиме не само животите на нашиот народ, туку и нашата економија од уништување, рече Кулеба на онлајн прес-конференција.

Тој додаде дека „патриотите“ ќе помогнат да се подобри ситуацијата на линијата на контакт, каде руските авиони масовно користат наведувани бомби, пишува „Украинска Правда“.

Според него, таквите бомби се оружје од кое „не може да се избега“.

Прочитајте и:  Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија

„Тоа само ти паѓа на глава и уништува сè. Така губиме позиции и единствен начин да го спречиме е соборување на авиони што носат бомби. Ни требаат системи за противвоздушна одбрана на првите линии“, потенцираше Кулеба.

- Реклама -