Денес во 18 часот Europe House Bitola го најавува Културниот баркод што ќе се случува во соработка со Јаковлевски Филип.
– Целта на овој настан е младите да се запознаат со културното наследство од етничкиот предел Пијанец, а во фокус ќе е орото КОПАЧКА кое е заштитено од светската организација UNESCO. Ќе се презентира примената на народни носии, не само од естетски и симболички аспект туку и од функционален- велат од Europe House Bitola.