Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде домаќин на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, кое ќе се одржи од 24 септември до 9 октомври. Како и секоја година, фестивалот привлекува големо внимание и очекува повторно да го задржи статусот на најпосетен театарски настан во Македонија.