Кумулативниот леталитет ковид, од почетокот на болеста до денес, е три отсто – соопшти денеска претседателот на Комисијата за заразни болести – Александар Петличковски.
Како што рече Петличковски одговорајќи на новинарски прашања по редовната седница на Комисијата, во јануари починале 382 лица од кои 233 невакцинирани и околу 150 вакцинирани, но повеќето само со втора доза примена пред повеќе од шест месеци.
„Според бројките од 1 до 31 јануари, од 382 починати 233 се невакцинирани, а околу 150 и нешто се вакцинирани, но најголем дел од вакцинираните се вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза. Околу 30-тина, пак, биле вакцинирани во рок помал од шест месеци, информира Петличковски.