Куп на Германија: Баерн сигурен


Минхенски Баерн ја започна новата сезона под водство на новиот тренер Винсент Компани со убедлива победа од 4:0 (2:0) на гостински терен во првото коло од националниот Куп против вторилигашот Улм.

Головите за Баерн ги постигнаа Милер (12, 14), Коман (79) и Кејн (90+3).

Претходно во петокот, Хофенхајм по пенал-рулетот со 7:5 (1:1, 2:2) славеше во првото коло на германскиот куп на гости кај четвртолигашот Вирцбургер Кикерс. Домашниот четвртолигаш двапати водеше против прволигашот со головите на Куц (11) и Ханеман (100), но Хофенхајм се спаси од пораз со автоголот на Фаранак (18-аг) и голот на Буелтер (107).

Капитенот на Хофенхајм, Крамариќ беше прецизен во првата серија удари од белета точка, а го следеа сите четворица соиграчи, додека голманот Филип сопре еден од обидите на домашните, што на крајот беше доволно за пласман во второто коло.

- Реклама -