Купила грепка само за да докаже дека е џабе трошење пари – добила милион

glenda-lotarija-milion-dolari-tocka-2016-01[1]

Маж ѝ на 57-годишната Гленда Блеквел од Северна Каролина во САД, постојано трошел пари на лото. А пари баш и немале.

Чашата прелила кога во саботата, сопругот ја замолил да му купи неколку лото ливчиња за претстојното извлекување. На Гленда ѝ пукнал филмот, па наместо ливчиња, решила да ги фукне сите 10 долари на грепка. Целта ѝ било единствено да му докаже дека и лото, и грепки, и секаква лотарија – сé тоа е само фрлање пари.

Ама Господ/универзумот кога гледа, обично сака да прави заебанции, па „проклетата“ грепка излегува добитна, и тоа на 1 милион долари.

„Само сакав да купам грепка колку да му покажам дека никогаш не се добитни. Понекогаш сум му многу лута и го карам дека само ги троши парите“, изјави Гленда за Си Ен Ен. „Морав да си ги голтнам зборовите, ама вредеше“.

Прочитајте и:  Гаранцијата на Богоев: Нас не одбија гаранција од над пола милион евра, додека други се бранат на слобода

Сега, со парите, Блеквел ќе купат нова куќа, ќе ја помогнат ќерка им, а ќе обезбедат и пари за школување на внуците.

Притоа, Гленда можеби ја откри најголемата тајна на лотаријата: можеби наместо да го купуваш ливчето полн со надеж, треба малку да го попцуеш.