Курт Кембел: Кина е најголемиот предизвик во историјата на САД

Кина е најголемиот предизвик во историјата на САД, поголем од Студената војна, изјави вториот дипломат на САД Курт Кембел, повикувајќи ја Европа да покаже поголема цврстина кон Пекинг.

Кембел, помошник на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и долгогодишен поборник на теоријата за преориентирање на американската надворешна политика кон Азија, исто така повика на повеќе инвестиции во клучните технологии во услови на напредок на Кина.

„Јасно е дека ова е најголемиот предизвик во нашата историја. Искрено, Студената војна бледнее во споредба со кинескиот предизвик“, нагласи тој пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

„Тоа не е само воено прашање, тоа е така во сите области. Така е на глобалниот југ, така е во однос на технологијата. Треба да ги зголемиме нашите напори во сите области“, нагласи тој.

Прочитајте и:  Руте: Најдобро е земјите кои и обезбедуваат оружје на Украина да не и поставуваат ограничувања за тоа како да го користи

САД, исто така, ја обвинија Кина дека ги поддржува руските воени напори во Украина. Но, за санкциите во оваа прилика против кинеските компании „ќе ни треба поголема поддршка“, додаде Кембел, кој го покрена ова прашање за време на посетите во Европа.

Лин Џианг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, денеска изјави дека изјавата на Кембел „ги игнорира фактите“ и ја преувеличува „таканаречената закана што Кина ја претставува со поттикнување конфронтација меѓу таборите“.

- Реклама -