Курти за „Ел Паис“: Шпанија треба да нé признае, Каталонија не е иста што и Косово

Приштина, 19 август 2022 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Шпанија треба да ја признае независноста на неговата држава, затоа што, според него, случаите на Каталонија и на Баските не се исти како случајот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното интервју за мадридски „Ел Паис“, што го пренесуваат медиумите во Приштина, Курти вели дека признавањето на косовската држава би ѝ помогнало на Шпанија да демонстрира дека случаите не се исти, затоа што „Србија изврши геноцид во Косово“.

„Шпанија треба да се согласи и да го признае Косово. Знам дека има одредени поплаки, меѓутоа, како што рече и нашиот голем писател Исмаил Кадаре кога ја доби наградата ‘Принц на Астурија’, Шпанија не треба никогаш да се споредува со Србија, бидејќи Србија изврши геноцид во Косово. Верувам дека токму со признавањето на Косово, Шпанија ќе покаже дека Каталонија и Баските се различен случај“, изјави Курти.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Шпанија е една од петте држави членки на ЕУ, заедно со Романија, Словачка, Грција и Кипар, кои не ја признале независноста на Косово, прогласена во 2008 година.

- Реклама -