Културно Едукативниот Центар „Лабораториум“ во Скопје е финалист на Новиот Европски Баухаус Проект (New European Bauhaus Project) на кој се доделуваат престижни награди за иновативни, одржливи или инклузивни проекти од цела Европа. Фестивалот се оджува по четврти пат во организација на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Во конкуреницја на преку 520 пријавени проекти, Лабораториум од Скопје беше избран за еден од 50 финалисти во една од 10 категории, односно финалист во категоријата “Prioritising the places and people that need it the most”. Избраните финалисти ги сочинуваат само оние проекти во кои Европската Комисија согледала голем потенцијал, а воедно ги прествавуваат вредностите и целите на Комисијата.
Лабораториум беше номиниран поради својата иновативност при пренаменување на стар индустриски објект (поранешната печатница на Нова Македонија), во нов простор за културно-едукативни збиднувања кои ги поддржуваат креативните индустрии и ја помагаат независната уметничка сцена во Скопје. Воедно центарот работи и на воспоставување на едукативна програма која ќе ги возобнови рачната изработка и занаетчиството.
Настанот се одржа во музејот на Историја и уметност во Брисел, Белгија.