Лајчак: Ситуацијата на северот на Косово и натаму е кревка

Ситуацијата на северот на Косово е сè уште кревка, и покрај преземените чекори за намалување на тензиите, изјави специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, јави Мина.

Лајчак на Фејсбук напиша дека последните два дена ги поминал во Брисел, каде што тој и неговиот тим тесно соработувале со меѓународните партнери за да ги координираат следните чекори за решавање на кризата во северно Косово.

Тој додаде дека разговарал со членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент и со шефот на Генералниот директорат за соседство и проширување на Европската комисија, Герт Јан Купман, за ситуацијата на северот на Косово и за последните случувања во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

МИА

- Реклама -