Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во интервју за емисијата „Око“ на РТС, зборуваше за предусловите за спроведување на европскиот план и спомена дека формирањето на Заедницата на српските општини е главниот предуслов.
Лајчак кажа дека доколку се погледне предлогот на ЕУ, тој зборува за нормализација, а не за некаква капитулација.
Тој во неколку наврати повтори дека Заедницата на српските општини мора да се формира и подвлече дека „доколку нема ЗСО, нема ни договор“.
Целта, вели Лајчак, не е некој да победи или да загуби. Целта е да се бара вин-вин ситуација и да се отвори европската врата.
Средбата во Охрид, напоменува, има за цел страните да се договорат за исполнување на договорот, што има таква поддршка од ЕУ каква што, како што нагласи, не се памети во минатото.
Извор: МИА