Рига, 29 ноември 2021 (МИА) – Фајзер мора да ја адаптира својата вакцина против коронавирус на новиот сој Омикрон во рок од 100 дена, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Рига.
Заложбата за адаптација на вакцината е вклучена во третиот договор со Фајзер, со кој ЕК најави уште 1.8 милијарди дози од лекот.
„Во текот на следните две до три недели, научниците ќе собираат информации за сојот Омикрон за да добијат најточна слика за тоа колку е опасна новата мутација на коронавирус“, нагласи претседателката на ЕК.
Таа додаде дека во исто време Европа треба да ги засили вакцинирањето и санитарните услови.
Лајен наведе дека се планира формирање на Центар за анализа на состојбите на полето на пропаганда и хибридни закани.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) соопшти дека новиот сој Омикрон се шири побрзо и може да биде поотпорен на вакцините.