Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска по пристигнувањето на самитот на Европската политичка унија во Гранада оцени дека една од темите на самитот ќе биде енергетиката и посочи дека формирањето заедничка платформа за набавката на гас е голем успех.
Според неа, ЕУ се соочила со голема енергетска криза поради, како што тврди, руската уцена на фосилните горива, но дека, благодарение на управувањето со кризата, цените драстично се намалиле и складиштата се целосно полни.
„Создадовме заедничка платформа за заедничко купување гас, тоа е голем успех и овој успех се гледа по тоа што на оваа платформа за енергетика не се приклучија само 27 земји-членки на ЕУ, туку и други земји-членки на Европската политичка заедница, како Норвешка, Украина, Молдавија и Србија“, рече таа.
МИА