Лалана го заврши својот фудбалски пат

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец, Адам Лалана, денес официјално објави дека ја завршил кариерата на 37-годишна возраст.

Во своето соопштение, Лалана изрази голема гордост и благодарност, особено кон својот матичен клуб. „Саутемптон… местото каде што сè започна и, соодветно, местото каде што сè завршува. Тоа е клубот на кој му должам сè“, изјави тој.

Лалана минатата сезона се врати во Саутемптон откако настапуваше за Брајтон, а кариерата ја започна токму во Саутемптон, каде што играше од 2006 до 2014 година.

Во 2014 година, тој направи преселба во Ливерпул, со кој ги освои Премиер лигата и Лигата на шампиони.

„Горд сум на својата кариера и немам никакви сожалувања. Ги прифатив сите успеси и неуспеси, бидејќи тие ме обликуваа во човекот што сум. На сите оние што го направија ова патување посебно, на секој клуб и организација, тренерите, соиграчите и, секако, навивачите – ви благодарам“, изјави Лалана.

Прочитајте и:  Трамп предупреди на воена интервенција ако Иран не го испочитува договорот, американските сили остануваат во регионот.