Најмоќниот сериски модел на Lamborghini, моделот Aventador, кој се произведува од 2011 година, ќе добие уште посилна варијанта која ќе биде лансирана на салонот во Женева, во март.
За пет години оваа верзија доби голем број на специјални верзии, како и импресивната модификација SV. Се очекува новината да добие додаток S кон името и ќе се вика Aventador S, а не Aventador LP740-4, како што во моментов е познат на публиката, која е една од најмоќните верзии на моделот. Интернет-изданието LamboCars објавува слики на супер моделот, од кои станува јасно дека таа ќе добие различни предни и задни браници. Ќе има промени и во внатрешноста, инструменталната ќе биде заменета со онаа од верзијата SV. Ќе се појави и нов мултимедијален систем.
Техничките карактеристики на обновениот Aventador засега остануваат во тајност, но се очекува 6,5-литарски V12 мотор да развива моќност од 740 КС, што е за 40 КС повеќе од сегашниот стандарден модел. Поинтересно сепак е појавата на поцврста шасија, која се појави кај изведбата Centenario. Се тврди дека во Lamborgini веќе тестираат ваков прототип под името Superveloce.