Лаутаро Мартинез ја продолжи верноста на Интер

ANSA / MATTEO BAZZI


Аргентинскиот напаѓач, 26-годишнио Лаутаро Мартинез го продолжи договорот со Интер до 2029 година, соопшти италијанскиот фудбалски шампион.

Интер потврдува дека постигнал договор за продолжување на договорот со Лаутаро Мартинез. Мартинез потпиша договор кој истекува на 30 јуни 2029 година“, објави ломбардскиот клуб во соопштението за медиумите.

Мартинез пристигна на „Сан Сиро“ во 2018 година од аргентинскиот Расинг за 23 милиони евра обештетување.

Капитенот и најдобар стрелец на „нераѕурите“ имаше нешто помалку од две години до крајот на актуелниот договор кој треба да истече во 2026 година. Сепак, по неколкумесечни преговори, тој ја продолжи верноста кон клубот до јуни 2029 година.

Италијанските медиуми пренесуваат дека според новиот договор тој треба да заработува девет милиони евра по сезона, плус бонуси.

Во 282 настапи за Интер, Мартинез постигна 103 гола во сите натпреварувања, освојувајќи две титули во италијанскиот шампионат (2021, 2024) и две изданија на Купот на Италија (2022, 2023).

- Реклама -