Лавина затрупа скијачи пред камера, претставникот на ски-центарот жив радосен

На 29 декември, додека претставникот на турскиот ски-центар Картепе даваше изјава пред камера, зад него „провеа“ мала лавина и затрупа неколку скијачи. Претставников ѕирна, се израдува што ете, новинарската екипа имала среќа да го сними тоа, и мртов ладен продолжи со интервјуто

„Добро ни дојде овој снег. Сите кои сакаат скијање сега се овде… *се случува лавината* … Еве како што можете да видите и сами, тукушто се спушти лавина, а вие сé тоа го снимивте. Луѓето се многу среќни, се грижиме за гостите најдобро што можеме“, рече претставникот несфаќајќи ја иронијата на целата ситуација.

Во меѓувреме зад него се одвиваше вистинска драма, и да не беа 20-тината скијачи што веднаш почнаа да копаат и да ги спасуваат затрупаните, лесно можеше да има и мртви. За среќа никој не остана предолго закопан под снегот, но како што се гледа и од видеото, имаше неколку полесно повредени.

 

- Реклама -