Денеска ве враќаме во 1992-та година кога премиерно беше прикажувана детската серија „Чудовиштата во нашиот град“.
Ние не сме чудовишта, ние сме човечиња ; лавови мои морски – тигрови мои океански; Црниот Нерт ; Борила ; Гази кој постојано се одделува од групата ; Бабиште роглесто; супа од смрдоушци…
Човечињата со големи уши се борат против страшниот Црн Нерт, а капетанот Борила ги охрабрува велејќи им „Лавови мои морски, тигрови мои океански време е за борба“. Сето тоа потсетува на оваа серија која ја обележа ерата фантастични домашни серии за деца кои се снимаа порано, а за жал денес како да изчезнаа со годините.
Чудовиштата од нашиот град беше серија од продукцијата на Македонската Радио Телевизија.
Овој проект вкучуваше многу попознати имиња од македонската актерска сцена, кои беа сместени на едно место: Игор Џамбазов, Гоце Тодоровски, Владимир Дади Ангеловски, Ѓорги Колозов, Ванчо Петрушевски, Димче Мешковски, Синоличка Трповска и многу други.ж