Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изрази изненадување поради тврдењето на американскиот државен секретар, Марко Рубио, дека Русија не е подготвена за компромиси во преговорите со Украина. Лавров истакна дека Москва ги прифатила предложените иницијативи од американскиот претседател Доналд Трамп, кои би можеле да доведат до прекин на непријателствата и започнување на мировните разговори.
„Мене ме изненадува кога Рубио вели дека шансите за завршување на конфликтот оваа година не се големи, особено во контекст на тоа што Русија не е спремна за отстапки“, рече Лавров. Тој додаде дека изјавите на Рубио откриваат дека американскиот пристап кон решавањето на конфликтот не се разликува значително од европскиот, нагласувајќи дека европските држави, на некој начин, се обидуваат да го продолжат конфликтот во Украина за да ја задржат својата моќ во регионот.
Според Лавров, ако Вашингтон навистина бил ангажиран во мировната иницијатива, воените активности одамна би биле прекинати. Рубио предходно изјави дека ниту Русија ниту Украина во моментов не покажуваат подготвеност за неопходните отстапки кои би овозможиле постигнување на мировен договор, при што нагласи дека руската страна покажува најмалку интерес за компромис.




