Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денес изјави дека Москва останува верна на договорите постигнати помеѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп за време на нивната средба во Алјаска минатата година. Лавров нагласи дека Русија не е подготвена да прифати никакви привремени решенија или ултиматуми. Руските официјални лица често ја потенцираат важноста на т.н. „дух на Анкориџ“, кој се дефинира како основа за понатамошните преговори.




