Лавров: Во Европа се враќа кошмарното сценарио на воена конфонтација

Стокхолм, 2 декември 2021 (МИА) – Во Европа се враќа кошмарното сценарио за воена конфронтација, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки нас ОБСЕ во Стокхолм.

-Брзо се урива архитектурата на стратешка стабилност, НАТО одбива конструктивно да ги разгледа нашите предлози за деескалација на тензиите и спречување на опасните инциденти. Напротив, воената инфраструктура на Алијансата се приближува до границите на Русија… Се враќа кошмарното сценарио за воена конфронтација, рече Лавров на Совет на министри за надворешни работи на ОБСЕ.

Тој, исто така, додаде дека наскоро на територијата на Европа може да се појават американски ракети со среден дострел.

Лавров предупреди дека категорично се неприфатливи обидите нивните соседни земји да се претворат во отскочна даска за конфронтација со Русија, како и распоредувањето на сили на НАТО во непосредна близина на области од стратешко значење за безбедноста на Русија.

-Сите зборуваат за ескалација на тензиите во Европа, конкретно на границата меѓу Русија и Украина. Вие добро ја знаете нашата позиција. Како што рече претседателот Путин, ние не сакаме никакви конфликти, но ако нашите партнери од НАТО кажат дека никој нема право да диктира на која било земја што сака да се приклучи на НАТО дали може да го направи тоа или не, тогаш ние се повикуваме на одредба од меѓународното право во која се вели дека секоја земја има право да избере начини за да ги обезбеди своите легитимни безбедносни интереси. А натамошното ширење на НАТО на Истокот дефинитивно ќе навлегува во темелните интереси на нашата безбедност, рече Лавров.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Шефот на руската дипломатија додаде дека неговата земја во дијалог со САД и нивните сојузници, ќе инсистира на изготвување договори шќто ќе го спречат секое натамошно напредување на НАТО на Исток и распоредувањето вооружени системи во непосредна близина на руската територија.

-Наскоро ќе дадеме соодветни предлози, очекуваме сериозно да се разгледаат, без изговори и сметаме дека ОБСЕ може да одигра многу корисна улога во тоа… Дојде време вистинските зборови да се претворат во долгорочни законски обврзувачки безбедносни гаранции. Тоа е императивен услов за да се спречи состојбата да се лизне кон конфронтирачко сценарио, рече рускиот министер пред своите колеги во Стокхолм.

Лавров смета дека обидите на Украина да ги промени клучните одредби од договорите од Минск се пат кон катастрофација.

На состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ, Лавров рече дека организацијата треба да испрати јасен сигнал до Киев дека е неприфатливо ревидирање на договорите од Минск, кои немаат алтернатива за решавање на конфликтот.

- Реклама -