Лавров во ОН: Западот со манијакална упорност ја охрабрува Украина да се судри со Русија

Западот со манијакална упорност ја охрабрува Украина да го продолжи воениот конфликт, предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, која беше свикана во врска со украинскиот напад на Доњецк.

– Реалноста е дека, без оглед на целосниот пораз на вооружените сили на Украина на бојното поле, западните покровители на режимот во Киев продолжуваат да го охрабруваат со манијакална упорност да го продолжи бесмислениот воен конфликт, изјави рускиот министер.

Зборувајќи за поддршката што Западот ѝ ја дава на Украина, Лавров предупреди дека Киев продава дел од западното оружје на црниот пазар и дека е тешко да се замисли оти западните престолнини не знаат за тоа.

Прочитајте и:  Бајден одобри противпешадиски мини за Украина со цел да се запре рускиот пробив

Според него, повеќето експерти разбираат дека мирното решение на ситуацијата во Украина го попречува поддршката на Западот за Киев, кој е „во агонија“.

– Денес, за огромно мнозинство независни експерти е апсолутно очигледно дека клучниот фактор што ја спречува потрагата по мирни решенија за украинската криза е тоа што Западот продолжува да го поддржува режимот во Киев, без оглед на очигледната агонија и неможноста да ги постигне задачите кои му се диктирани – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија или, како што почнаа да велат во последно време – барем да ја ослабнат мојата земја, рече Лавров.

- Реклама -