Лазањи со тиквички и сирење

Искористете ја магијата на летото и сиот зеленчук кој го нуди ова богато годишно време. Научете како да подговите вкусни лазањи со тиквички.

Состојки:

6 kг. тиквички

50 г. путер

1 лажичка зачин

бел бибер

12 листови лазањи

сол

100 г. горгонѕола

50 г. моцарела

15 г. пармезан

За бешамел:

50 г. путер

50 г. пченкарно брашно

1 л. млеко

Подготовка:

Измијте ги тиквичките и во должина исечете ги на тенки листови. Пропечете ги на путер, посипете зачин, побиберете и тргнете ги од оган.

Лазањите варете ги во солена вода (2-3 минути), во која што сте ставиле неколку капки масло за листовите да не се лепат, или користете лазањи кои не се варат.

За бешамел, на путерот лесно пропржете брашно. Постепено долевајте топло млеко и мешајте без престан, додека не добиете лесна и густа смеса. Додатете бел зачин, побиберете и по потреба посолете.

На дното на огноотпорен сад (30 x 19 см) ставете малку бешамел, наредете ред лазањи, па врз нив распоредете бешамел, тиквички, изрендана моцарела и исецкана горгонѕола. Врз тоа ставете лазањи и повторете ја постапката, така што на последниот лист ќе ставите бешамел, изрендано сирење и пармезан.

Печете околу 25 минути во рерна загреана на 220 степени.

thinkstockphotos-173716354

Послужување:

Лазањите послужете ги топли и исецкани на коцки.

Совет:

Ако тиквичките се поголеми, извадете им ги семките, а потоа сечете ги на плочки.

Добар апетит 🙂

- Реклама -