Лажам, значи начитан сум

Fake%20read_0_0_0[1]

Едно истражување на британската Би-Би-Си се позанимава со читачките навики на повеќе од 2.000 Британци и откри дека еден од четири испитаници лажат за тоа кои книги ги имаат прочитано. Луѓето се спремни да лажат дека ги читале класичните романи, бидејќи така изгледаат поинтелигентни во друштвото. А вистината е дека дури 42% од своите знаења околу литературните класици ги базираат врз ТВ адаптации и филмови, или кратки сижеа што ги прочитале на Интернет.

Дури 60% од испитаниците потврдиле дека луѓето што читаат книги делуваат поатрактивно.

Следува листа на книги за кои луѓето (океј де, Британците) најчесто лажат:

„Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол
„1984“ на Џорџ Орвел
„Господарот на прстените“ од Џ.Р.Р. Толкин
„Војна и мир“ од Лав Толстој
„Ана Карењина“ од Толстој
„Авантурите на Шерлок Холмс“ од Артур Конан Дојл
„Да се убие птицата подбивница“ од Харпер Ли
„Дејвид Коперфилд“ од Чарлс Дикенс
„Злосторство и казна“ од Фјодор Достоевски
„Гордост и предрасуди“ од Џејн Остин
„Мрачна куќа“ од Чарлс Дикенс
„Хари Потер“ од Џ.К. Роулинг
„Големите очекувања“ од Чарлс Дикенс
„Дневникот на Ана Франк“ од Ана Франк
„Оливер Твист“ од Чарлс Дикенс
„Педесет нијанси“ (трилогија) од Е.Л. Џејмс
„Десет мали црнци“ од Снуп Дог (се зезам, од Агата Кристи е)
„Големиот Гетсби“ од Скот Ф. Фицџералд
„Замка 22“ од Џозеф Хелер
„Игра во ’ржта“ од Џ.Д. Селинџер

- Реклама -