Лажна вест за нова писателска асоцијација непосредно пред почетокот на најголемиот книжевен настан

Лажна вест е дека е основана нова писателска асоцијација – Македонски центар за литература. Македонскиот центар за литература е здружение на граѓани, а не писателска асоцијација, посочува Владимир Јанковски, кој е основач на истоименото здружение.

– Добивме препратена информација од некаков претпоставуваме лажен мејл (informapluszdruzenie@gmail.com) во кој стои: „По бројните турбуленции изминатиов период во Друштвото на писателите на Македонија, поголема група писатели и издавачи одлучи да основа нова асоцијација на македонските писатели – Македонски центар за литература. Основачи на Македонскиот центар за литература се: издавачите Ненад Стевовиќ и Светлана Кочовска – Стевовиќ, како и преведувачите и автори Владимир Јанковски, Иван Шопов и Николина Андова – Шопова. Претседател на асоцијацијата е Владимир Јанковски. Дејноста на асоцијацијата е врз база на слободно пристапување и зачленување, а од неа се дел видни писателски имиња од македонската литература

Јанковски посочува дека ова не е официјално соопштение на Македонскиот центар за литература.

– Контекстот на основањето на здружението не е поврзан со „бројните турбуленции изминатиов период во Друштвото на писателите на Македонија“. Македонски центар за литература е организација која не е асоцијација на писатели, ниту неговите активности се поврзани со случувањата во Друштвото на писателите на Македонија. Едноставно некој направил лажна адреса на gmail, и од неа пратил сооштение кое е лажно и кое нема врска со целите и активностите на Македонснкиот центар за литература – вели Јанковски.

- Реклама -