Кога Путин се заканува со користење на нуклеарно оружје, треба да сфати дека НАТО, исто така, е нуклеарна алијанса, изјави францускиот министер за надворешни работи – Жан-Ив Ле Дриан, пренесува Ал Џезира.
Прашан дали заканата на рускиот претседател (за „последици кои никогаш во историјата не се видени“ доколку друга земја се вмеша во одбраната на Украина) се однесува на користење на нуклеарни оружја, Ле Дриан вели дека пораката така е разбрана.
„Да, и мислам дека Владимир Путин мора да сфати дека и Атлантската алијанса е нуклеарна алијанса. Тоа е сѐ што ќе кажам за ова“, рече Ле Дриан за француската телевизија TF1.