Финансиран од инвеститори од Kickstarter, Leap Motion управувачот Ви дозволува да го управувате Вашиот компјутер со гестикулации кои со рацете ги правите во воздухот. Ова е слика која претходно ја имавме видено само во Minority Report и Iron Man.
Користи инфраред сензори за да ги претвори движењата на раката во инпут за апликациите. Се работи за мал алуминиумски правоаголник, не многу поголем од USB меморија. Користи USB 2.0 кабел за поврзување и полнење кој доаѓа со две димензии.
Поставување на Leap Motion управувачот
Може да се постави буквално секаде: лево десно или пред тастатурата, а доколку го поместувате, ќе се прилагоди на промената. Но најправилно очигледно е пред тастатурата, заради прегледност на акциите на екранот.
Користење
При првото активирање, се активира и симнува пакетот за користење. Прво нешто што се гледа е ориентационата апликација која е всушност само демонстрација за да се тестира како работи уредот. Апликацијата која се користи за управување се вика Airspace. Други апликации за користење на уредот може да се симнат од Airspace Store, каде во моментов има околу 75 апликации од кои поголемиот дел не се бесплатни.
Достапен е на веб страницата на Leap Motion и на Amazon.
Иако има некои прашања како на пример зошто би бил користен и дали има некаква бизнис вредност, со цена од само 80 американски долари, многумина и би го пробале. За многу работи глувчето и тастатурата сепак немаат замена, но има голем потенцијал да стане дел од иднината, само му треба малку доработка.
[youtube]http://youtu.be/3b4w749Tud8[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk