Италијанскиот дизајнер Мишел Пузоланте од компанија MPD Designs создаде решение на проблемот, поврзан со глобалното затоплување и зголемувањето на морското ниво. Неговиот проект е наречен Solar Floating Island (Пловечки сончев остров).
Се работи за вештачки туристички остров, кој може да се движи самостојно во морето. Основата му е фиберглас и балсово дрво, со фотоволтаични ќелии на површината. Островот е енергетски и еколошки.
Во прилог има луксузен хотелски комплекс, опремен со џакузи на отворено, кујна и бар, удобна спална и скали кои водат кон место каде што можете удобно да го видите морскиот живот.
Овој нов архитектонски ремек се состои од модули кои можат лесно да се расклопуваат на составни делови и да бидат транспортирани до секое населено место.
Во моментов Пузоланте води преговори со Владата на Малдиви, загрозени од исчезнување во случај на пораст на водите на Океанот, во потрага по поддршка за проектот и се надева дека наскоро некој ќе биде во можност да си купи остров (што се разбира нема да е евтино ).