Леброн и Коби го предводат тимот на САД

Ѕвездите на Мајами Хит и ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс и Коби Брајант ќе ги предводат Соединетите Американски Држави на Олимписките игри во Лондон.

Селекторот на САД, Мајк Крижевски само на три дена од почетокот на подготовките за Лондон го соопшти списокот на 12 кошаркари кои ќе одат во одбрана на титулата олимписки шампиони, освоена пред четири години во Пекинг.

На конечниот список, составен на нешто помалку од три недели пред почетокот на најголемата светска спортска смотра, нема поголеми изненадувања, а Крижевски им се заблагодари на Ерик Гордон, Ентони Дејвис и на Руди Геј.

На списокот за Лондон се наоѓаат: Крис Пол, Дерон Вилијамс, Расел Вестбрук (плејмејкери), Коби Брајант и Џејмс Харден (бекови), Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Кармело Ентони и Андре Игудала (крила), Кевин Лав и Блејк Грифин (крилни центри) и Тајсон Чендлер (центар).

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

Првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за Лондон американските кошаркари ќе го имаат в четврток против селекцијата на Доминиканската Република.

- Реклама -