Илјадници топчиња мраз во форма на јајца покрија плажа во Финска како резултат на редок временски феномен, објави Би-би-си. Аматерскиот фотограф Ристо Метила беше меѓу оние што наидоа на ледените јајца на островот Хајлуото меѓу Финска и Шведска.
Експертите велат дека тие се создадени во редок процес во кој што парчиња мраз се превртуваат под дејство на ветер и вода.
„Бев на плажата со мојата сопруга и времето беше сончево и ветровито, околу минус еден степен. Тука го видовме тој неверојатен феномен. Покрај линијата на водата, на плажата имаше огромен број снежни и ледени јајца. Најмалите топки имаа големина на јајце, а најголемите на фудбалска топка“, изјави фотографот Ристо Матила.
Метеорологот на Би-Би-Си Џорџ Гудфелоу вели дека условите треба да бидат студени и малку ветровити за да се формираат вакви топки.
Слични настани претходно беа пријавени во Русија и на езерото Мичиген во близина на Чикаго.