Лејди Гага ја напушта планетата

Лејди Гага планира да полета со Вирџин Галактик, како дел од фетивалот Zero G Colony, со цел да испее една песна во вселената.

 

 

Zero G Colony е тродневен фестивал за висока технологија и забава кој ќе се одржи во вселенскиот космодром во Америка, прв конерцијален вселенски центар, кој е изграден во Ново Мексико.

Таа ќе мора еден месец да вежба на гласот поради специфичната атмосфера.

Настапот на Гага е планиран во раните утрински часови на третиот ден од фестивалот, кој ќе биде одржан отприлика по шест месеци од првиот комерцијален лет во Вирџин Галактик.

„Лејди Гага ќе изведе настап, каков што досега не видел светот, а за секој случај, отворила и полиса за животно осигурување“, вели извор за US Weekly.

 

- Реклама -