Не е никакво чудо дека 27-годишната пејачка обожава да експериментира со нејзиниот стил. Сепак, новата промена на Лејди Гага која ја пoкажа на една уметничка изложба ги остави нејзините фанови навистина разочарани. Се чини дека таа од ден во ден се повеќе ги покажува нејзините афинитети кон уметноста, па така и овој пат потроши 60.000 долари за дело на уметницата Марина Абрамовиќ. Облечена во црн фустан кој го покажува нејзиниот градник во целост, Лејди Гага, ги покажа и пожолтените веѓи кои допринесуваа до целокупен бизарен изглед кој очигледно и сакаше да го постигне. Во секој случај, нам воопшто не ни се допаѓа.