Возачот на Ферари, Шарл Леклер, запиша победа на квалификациите за Големата награда на Унгарија.
Моначанецот заврши со време од 1 минута и 15,372 секунди, што му обезбеди првата позиција. Второто место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен, кој заостана само 0,026 секунди зад Леклер. Третата позиција го освои Ландо Норис, исто така од Мекларен, со време кое е 0,041 секунди поспоро од лидерот.
Актуелниот светски првак, Макс Верстапен, заврши на осмото место.
Главната трка е закажана за утре и ќе започне во 15 часот. (МИА)




