Лекување со маслиново масло

Маслиновото масло,   нарекувано уште и „течно злато” или зејтин  во кујната, е познато не само по своите кулинарски квалитети, туку и со способноста да лекува.

Погледнете што треба да знаете за лекувањето со маслиново масло.

Маслиновото масло е  комбинација на витамини, минерали, незаситени масти . Благодарение на антиоксидансите во неговата содржина, тоа обезбедува заштита на организмот и го зајакнува имунолошкиот систем.

Лекарите препорачуваат употреба на „течно злато” во кујната за намалување на лошиот холестерол и како превентивна мерка против болести на кардиоваскуларниот систем. Специјалистите тврдат дека редовната консумација на маслиново масло штити исто и од дијабетис, контролирајќи го нивото на инсулин.

Маслиновото масло се препорачува и за болните од остеопороза,  бидејќи растителната маст помага при апсорпцијата на калциум од организмот и на тој начин ја подобрува минерализацијата на коските. Користете го  маслиновото масло и за подобрување на мозочната активност, да го забрзате метаболизмот , но и да го заштитите вашиот стомак од чир и гастритис.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Користете маслиново масло и при хемороиди, за надворешна заштита  при кожни иритации, болки во увото и проширени вени.

Рецепти за лекување со маслиново масло

При гастритис: наутро на гладно се зема по 1 супена лажица  маслиново масло, по што се јаде една кришка леб. Постапката се повторува 14 дена, се прават 3 недели одмор и се почнува одново.

При проблеми со жолчката: наутро на гладно се пие лековит “коктел” од половина чаша топло млеко и 1с.л. маслиново масло, а потоа една чаша свеж лимон.

При болки во увото: 1/2 кафена лажичка  маслиново масло се загрева и се капнува  во ушниот канал. Потоа во увото ставете памук и обвиткајте ја главата со шамија.

Користете чисто маслиново масло за надворешна употреба кај модринки на кожата, испукани усни, убод од пчела.

- Реклама -