Дали си тоа ти, Лео?
Додека 39-годишниот актер можеби цели кон статусот „холивудски срцекршач“ по појавувањето во филмот Титаник, се чини дека ѕвездата е подложена на малку трансформација.
Имено, се претвора во Џек Николсон.
Ди Каприо беше виден на плажа играјќи одбојка со неговата 21-годишна девојка Тони Гарн, каде беше фотографиран личејќи неверојатно слично на 77-годишниот оскаровец- толку многу што на прв поглед може да се излажете.
Со идентичната брада и темните очила за сонце тие личат невероајно многу. Се разбира, ова не е прв пат овие двајца актери да бидат споредувани во минатото, и се чини изгледот не е еднинственото заедничко нешто што го делат.
И двајцата актери имаат градено наградувана кариера и двајцата се познати по менувањето на многу убави девојки/модели.
Можеби играњето на Николсон во биографски филм конечно ќе му донесе Оскар на Лео? Вреди да се проба! 🙂