Лепчиња без квасец, готови за 15 минути

Нема ништо подобро од домашен леб. Иако на прво слушање звучи неверојатно, но ве уверуваме дека овие лепчиња ќе ве воодушеват со својот вкус, а во нивната брза подготовка ќе се уверите и самите доколку пробате да ги подготвите.

Состојки:

– 200 мл јогурт
– 200 гр. бело (може и црно) брашно
– 50 гр. пченкарно брашно
– 2 рамни кафени лажички сол
– половина лажичка сода бикарбона

Подготовка:

Составете се, и измешајте – најпрво со лажица, а потоа и со помош на рацете. Префрлете ја смесата на забрашнета маса, поделете на шест еднакви топчиња, ставете ги во тепсија па на загреана рерна (можете да ја вклучите таман пред да почнете со месењето на тестото). Печете околу 10 минути на 200 степени. Испечените лепчиња извадете ги со влажни раце – навлажнете го секое, и оставете да се оладат.

- Реклама -