Лесни и корисни URL трикови за YouTube

YouTube е одамна еден од најдобрите видео сервиси на Интернет, но со неколку мали трикови може да го направите уште подобар. И тоа преку малку „игра“ со URL адресите (линковите) на саканото видео.

Автоматско повторување. Сите имаме барем по една песна што сакаме да ја слушаме повторно и повторно. Во тој случај, само додадете „repeater“ после „youtube“ делот во URL адресата и видеото ќе биде отворено преку екстерен сајт што автоматски ќе го стартува видеото одново и одново, се додека не го запрете. Значи:

http://www.youtube.com/watch?v=5NV6Rdv1a3I

станува:

http://www.youtuberepeater.com/watch?v=5NV6Rdv1a3I

1

Симнете го видеото или аудиото од истото, во вашиот компјутер. Постојат милион причини да сакаме да симнеме некое видео и да го зачуваме во нашиот компјутер. Екстерниот сајт pwnyoutube.com може да помогне. Само додадете „pwn“ во URL адресата, веднаш пред „youtube“. Ќе ви бидат овозможени повеќе опции и формати за симнување на видеото, меѓу кои и да го симнете само аудио делот во .mp3 формат.

http://www.youtube.com/watch?v=5NV6Rdv1a3I

би изгледало вака:

http://www.pwnyoutube.com/watch?v=5NV6Rdv1a3I

2

Гледајте видеа за ограничена публика. Ако видеото што сакате да го гледате е ограничено со било каква форма на рестрикција, заменете го делот „/watch?v=“:

http://www.youtube.com/watch?v=MynpUZgaUvg

со „/v/“:

http://www.youtube.com/v/MynpUZgaUvg

*Ќе морате да го гледате на цел екран, но сепак, важното е што ќе можете да го гледате.

3

Потенцирајте одреден дел од видеото. Некогаш сакате да потенцирате одреден дел од видеото на сметка на целата содржина. Во тој случај, користете десен клик врз видеото и изберете „Copy video URL at current time“. Ако сакате да бидете поконкретни, додате ја варијабилата „#t=Х“ на крајот на линкот, каде што Х е моментот од видеото од каде што сакате да почне емитувањето, изразен во секунди. Така, наместо обичното:

http://www.youtube.com/watch?v=jrw7i1SqJnM

користете ја „почни од овде“ верзијата:

http://www.youtube.com/watch?v=jrw7i1SqJnM#t=65

4

Отстранете ги автоматските препораки на крајот на изгледаното видео. Не е чест случај, но некогаш препорачаните видеа на крајот на видеото можат да бидат непријатни или иритирачки. Ако сакате да ги отстраните, додајте „&rel=0″ на крајот на URL адресата во embed кодот. Кодот:

<iframe width=”853″ height=”480″ src=”//www.youtube.com/embed/5NV6Rdv1a3I” frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>

треба да изгледа вака:

<iframe width=”853″ height=”480″ src=”//www.youtube.com/embed/5NV6Rdv1a3I?rel=0” frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>

*Ова работи само во embed кодот, не и во регуларните URL линкови.

5

Заштедете време. Се проценува дека 30 проценти од потрошеното време на YouTube е залудно вложено во гледање на досадните делови, чекајќи го главниот момент да се случи. Иако ваквата теорија почнала како шега, Google ја сфатил сериозно, па дури и додал опција во самиот YouTube сервис. Во зависност од содржината на видеата, ако сакате да ги прескокнете досадните интра, додадете „&wadsworth=1″ на крајот на URL адресата. Вообичаениот линк:

http://www.youtube.com/watch?v=jrw7i1SqJnM

ќе ви заштеди време ако изгледа вака:

http://www.youtube.com/watch?v=jrw7i1SqJnM&wadsworth=1

LAST

За крај, имајте на ум дека YouTube, како и самиот Интернет, трпи постојани промени, па не гарантираме дека вечно ќе работат овие трикови.

- Реклама -