Лет над небото (видео)

Лет над небото Барем еднаш во животот, кога сте биле мали, сте посакале да бидете астронаути, за да можете да патувате таму горе, меѓу ѕвездите. Но, за да отидете на прошетка низ вселената, потребни ви се преку 10 милиони долари. Ако не можете да си го дозволите тоа, следното најдобро нешто е лет во шпиунскиот авион U2, во горните слоеви на атмосферата, над небото…


Барем еднаш во животот, кога сте биле мали, сте посакале да бидете
астронаути, за да можете да патувате таму горе, меѓу ѕвездите. Но, за
да отидете на прошетка низ вселената, потребни ви се преку 10 милиони
долари. Ако не можете да си го дозволите тоа, следното најдобро нешто е
лет во шпиунскиот авион U2, во горните слоеви на атмосферата, над
небото…

Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан

Џејм Меј, еден од водителите на одличната серија за автомобилизам Top Gear, нè води токму таму, на височина од 21 километар над морското ниво, во авионот двосед специјално дизајниран за туристички патувања. Човекот кој од своите пријатели доби прекар „најбавниот човек на планетава“ леташе со брзина од 850 километри на час за да стигне до работ на вселената. Она што таму го изјави беше – погледот е неверојатен. Ако секој човек би можел да го направи ова барем еднаш, човештвото ќе се смени на подобро.

{youtube}kJoMDq4AyLc{/youtube}
- Реклама -