Австралиецот Крис Малој создал неверојатен летечки мотоцикл кој всушност може да лета. Наводно возилото може да достигне брзина од 270 километри на час и висина од 3048 метри. Тоа се барем неговите тврдења, досега тој го има тестирано возилото само врзано за земјата.
Прототипот на Крис Малој досега има само лебдено на неколку сантиметри од земјата, но тоа не го спречува Крис во правењето луди и оптимистички проекции за неговите перформанси. Бидејќи возилото е класифицирано како ултралесно летало, технички во повеќето земји во светот за истото нема да ви биде потребно пилотска дозвола, но би било мудро да се инвестира во падобран.
Но, и покрај сè, возилото најверојатно ќе биде ефтино до тој степен што многу луѓе кои не би требало да поседуваат ваква направа ќе можат да си го дозволат. Првата серија ќе биде 100 возила годишно, секое од нив со цена од околу 40,000 американски долари, но ако има побарувачка за над 1000, тогаш цената би можела да падне до ниво на спортски мотоцикл.