Од 4 до 12 август во подножјето на планината Липац, на 150 метри од Крива Река ќе се организра Летниот камп Нинџа.
„Поминете го ова лето со нас во нашиот нинџа камп. Ние ви гарантираме дека нема никогаш да го заборавите. Сместен во идеално чиста и еколошка средина, 25 километри до најблискиот град, во подножјето на планината Липац, на 150 метри од Крива Река“ порачуваат организаторите.
Во кампот ќе се спие во доџо или во дрвени нинџа куќички, а достапни се и два шатори за љубителите на ѕвезденото небо. Ќе се одржуваат два тренинга дневно + истражувачки експедиции, ноќни нинџа акции, самурајски битки, се јаде здрава храна, три оброка домашно приготвени на традиционален начин, од домашни и локални продукти, се пали и логорски оган, со гитара, песна, се тушира под ведро небо, се капе во река, се гледаат ѕвезди во ноќта.
Тема на овогодинешниот камп е Тогакуре рју Нинпо Таиџутсу + Тогакуре рју Тоами и Фукија.