Ив Сен Лоран еднаш рекол – „низ годините научив дека она што е најважно за еден фустан, е жената која го носи“. Синоним за женственост, избор за речиси сите прилики и постигнување елеганција и лежерност согласно моделот кој што сте го избрале – фустаните со себе носат моќна порака кога знаете како да ги носите. Летниот период дозволува повеќе експерименти за повеќе излегувања, така што во прилог може да погледнете што Ви препорачува 356: макси фустани со кои нема да згрешите без оглед на тоа дали сте се упатиле на попладневно кафе или во ноќен клуб. Со сандали, со високи потпетици и дури со патики… изборот е голем, Ваше е само да ја направите вистинската комбинација.