Левиот Чарлс Дикенс

dickens-1_2794642k[1]

Најчесто, писмата на Дикенс биле учтиви и понизни, ама не и ова. Претходно невидено во јавноста, писмово ја покажува „жутата минута“ на оној Чарлс Дикенс што во моментот на пишување е уредник на неговиот журнал „All The Year Round“. Писмото доаѓа како одговор на барањето на ќерката на неговиот близок пријател – капетан Фредерик Мериат, авторка во подем која од Дикенс ќе побара совет и публикација во споменатиот журнал.

Во толку нетипичното писмо за Дикенс, долго три страници, тој не ублажува ниту збор, одговорајќи и на Флоренс Мериат со зборовите „Не мислам дека ова е добра приказна“ и нарекувајќи го нејзиното барање за фидбек – „неразумно“. Во еден момент, писмото се прелева и во дискусија за неговиот тежок живот како уредник и читател, кој, се чини, Флоренс го вознемирила барајќи помош:

„Немаш претстава за трудот кој е неразделен од уредувањето на таков журнал како што е All The Year Round, штом претпоставуваш дека е можно дека тие што извршуваат такви должности можат да дадат критички причини за одбивањето на поднесените текстови. Да се читаат тие текстови отворено и искрено, и да се пренесе перфектно непрејудицирана одлука почитувајќи го секој автор или авторка, е задача од размер што ти очигледно не можеш ни да го замислиш“.

дикенс

И покрај грубите зборови, Мериат оствари успешна и плодна кариера, оставајќи зад себе голем број на дела, вклучувајќи новели, кратки приказни, претстави и новинарски текстови. Една од нејзините 68 објавени новели е посветена токму на „левиот“ уредник – Чарлс Дикенс.

Во случај да сакате да го купите писмото, британската аукциска куќа Bonhams го продава за не помалку од 2600-3900 евра.

- Реклама -