На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица поднесе 1.982 писмени ПРИГОВОРИ до Државната изборна комисија, се пофалија од партијата.
Како што велат, приговорите се уредно спакувани во четири регистратори, а целта им е да си ги добијат тројцата пратеници за кои тврдат дека им се украдени.
Претходно, од Левица информираа дека приговорите се однесуваат на голем дел од избирачки места од повеќе изборни единици од каде од нивните набљудувачи, но и од други лица кои непосредно биле сведоци на броењето на гласовите, добиле информации за манипулации спроведени од страна на лица од ДИК.
„Со овие манипулативни активности директно е оштетена Политичката партија Левица, на која ѝ се скратени три пратеници, а директно е нарушено и правото на избор на граѓаните чии гласови не се правилно валоризирани“, порачаа од единствената вонпарламентарна партија што на овие избори освои пратенички места.
Во меѓувреме и Апасиев, најавувајќи ги близу 2.000-те приговори, во негов стил порача:
„Баравте – гледајте! Кад је бал нек је маскенбал!“.